Турците решени: „Ќе го преселиме цел град“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турција е во план да направи комплетно проширување на градот Гемлик лоциран на брегот од Мраморното море, поради опасноста од земјотреси по која е познато ова подрачје.

Планот на турските власти е изградба на 10 илјади нови станбени единици на ридот во близина на градот, на што се спротивстави опозициската Републиканска народна партија, која смета дека со тоа ќе им се наштети на големите маслинови насади по кои овој град е познат.

„Иако епицентарот на земјотресот од 1999 година не беше тука, ние сепак претрпевме големи оштетувања. Гемлик е изграден врз каллива, алувијална почва, а користењето на морски песок при изградбата на основите на зградите ги ослабна нивните темели. Доколку, не дај Боже, претрпиме земјотрес со интензитет од шест степени, може да загубиме илјадници жители“, изјави градоначалникот Рефик Јилмаз, кој го претставил планот за преместување на Гемлик на средба со граѓаните.