Турција ја заврши масовната потрага по преживеани од фаталните земјотреси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Масовната официјална потрага по преживеани од земјотресот кој ја погоди Турција заврши. Фотографиите остануваат да сведочат за големата катастрофа и пустошот кој земјотресот го остави зад себе, пренесува Макфакс.

Во провинциите погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени во Кахраманмараш, болните траги од земјотресот се рефлектираа во внатрешноста на некои куќи чии ѕидови беа уништени за време на активностите за пребарување и спасување, отстранување на остатоци и проценка на штетите.

Повеќе од 46.000 луѓе официјално се водат за мртви, а се очекува бројот на загинати да биде значително поголем, бидејќи во земјотресот се уништени 345.000 станови.

Светската здравствена организација процени дека на околу 26 милиони луѓе во Турција и Сирија ќе им биде потребна хуманитарна помош.