Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Го споредуваат со грчки Миконос, француско Сен Тропе, со Бали и уште некое ексклузивни и егзотични летни дестинации.
Турското летно одморалиште Бодрум е честа дестинација за европските туристи, но во последно време почна сè повеќе да привлекува посетители и од САД, пренесува Business Insider.
Се наоѓа во југозападниот дел на Турција и има пристап до Егејското Море. Две изданија – „Both Condé Nast Traveler“ и „Bloomberg“ го рангираат и промовираат Бодрум како едно од најдобрите места за одмор во 2019 година. Од „Bloomberg“ дури им препорачаа на своите читатели да го баталат Бали, за сметка токму на Бодрум.
Токму таму се наоѓаат и голем број хотелски синџири со пет ѕвезди, како што се „Six Senses“ и „Edition Hotels“.
Џени Саутон, основач на „Globetrender“ го опишува Бодрум, додавајќи: „Ова е новата „жешка“ точка за модели и познати личности“.
Минатата година, во Бодрум дури одмораше и Алиан Ибрахимов. Казахстанскиот милијардер беше забележан на својата јахта „I Dynasty“.
Во 2013-та година на одмор во Бодрум беше и Роман Абрамович. Еден од најбогатите Руси исто беше таму со јахата наречена „Eclipse“.
Еден од најубавите хотели во одморалиштето е „Mandarin Oriental“, каде цените започнуваат од 568 долари за една ноќ и можат да достигнат до 1.000 долари.
Ако сакате целосен мир, тоа ќе ве чини помеѓу 1.400 и 23.000 долари за една ноќ. За оваа цена можете да изнајмите различни видови вили, од кои секоја има свој базен.
Други луксузни хотели во Бодрум се „Lux Bodrum“, „Nikki Beach“ и „Bodrum Edition“.