Турските медиуми пренесуваат: Уапсен осомничениот за нападот во клубот Реина во Истанбул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Турските медиуми јавија дека полицијата го уапсила осомничениот за нападот во ноќниот клуб Реина во Истанбул за време на прославата на Новата година во кој беа убиени 39 луѓе, а околу 50 беа ранети.

Се наведува дека осонмичениот бил уапсен во полициска акција во истанбулското предградие Есенјурт, во куќа која припаѓала на негов пријател од Киргизстан. Медиумите додаваат дека станува збор за Абулкадир Машарипов од Узбекистан.

Одговорноста за нападот во ноќниот клуб во Истанбул ја презедоа милитантите на Исламската држава, наведувајќи дека тоа било во знак на освета за турските операции во Сирија.