Турските истражни органи сметаат дека Кашоги е искасапен – со дронови трагаат по телото


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со помош на дронови, турските полициски истражни органи го пребаруваат шумскиот предел во истанбулската околина, трагајќи по телото на брутално убиениот новинар Џамал Кашоги.

Турските истражители го проширија денеска подрачјето на кое го бараат телото на убиениот новинар на ,,Вашингтон Пост”. Џамал Кашоги. Како што тврдат турските истражни органи, Кашоги бил жив сечен на парчиња од Саудијци во кабинетот на конзулот на Саудиска Арабија во истанбул. Измачувањето на новинарот траело седум минути во кои бил жив касапен, додека не му била дадена инекција за да го усмртат. Во кабинетот имало 15 луѓе кои учествувале во убиството на Кашоги, а самото касапење го извршувал шефот на катедрата за форензика на Саудиска Арабија.

Турските истражители ја пребараа и куќата и автомобилите на конзулот, кој во понеделникот ја напушти Турција. Имотот околу куќата е пребаран и со дронови.

На ист начин сега се пребаруваат и две локации во близина на Истанбул и тоа Белградската шума и фарма во провинцијата Јалова. Одлуката да се прошири истрагата во шумско подрачје околу градот е заснована на нови снимки од безбедносните камери од 2 октомври , кога за последен пат е виден новинарот.

Не е познато што е најдено со истрагата на имотот на конзуло , каде бил измачуван новинарот, освен дека форензичарите излегоа со неколку кутии од таму.

Турските медиуми објавија нови снимки од безбедносни камери, на кои се појавува и човек близок до саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој бил во конзулатот во време на бруталното убиство.