Турски фолк пејач тврди: Адел ми е ќерка, јас сум нејзиниот татко


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мехмет Асар (52), фолк пејач од турскиот град Бодрум тврди дека британската поп-ѕвезда Адел му е ќерка.

Турскиот пејач сподели со јавноста дека имал куса романса со мајката на Адел, Пени Адкинс, додека таа била на одмор во неговиот град во јули 1987. Адел е родена во мај 1988 година.

„Си се допаднавме и имавме двонеделна афера. Таа го продолжи одморот и се врати во Англија еден месец подоцна. Потоа дојде уште двапати во Бодрум и остануваше по цел месец“, раскажува тој.

Асар исто така смета дека одредени црти кај Адел потсеќаат на него, а пак, „нејзината интонација во песните изгледа, е генетичка”. Човекот ги покани двете дами нагости во турското летувалиште и истакна дека е подготвен да направи и ДНК тест, за да докаже дека е во право.

Во 2015, и самата Адел во интервју посочи дека има турски корени, како и шпански, покрај англиското етничко потекло.