Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓугодишната инфлација во Турција вчера достигна 61,14 отсто, најмногу во последните 20 години.
Турскиот институт за статистика соопшти дека цените во таа земја пораснале за 5,46 отсто во март во однос на февруари.
Меѓугодишната инфлација во февруари беше 54,44 отсто.
Цените најмногу пораснале во областа на сообраќајот (99,12 отсто) и храната (70,33 отсто).
Ваквата ситуација е последица на економската криза која ја влоши пандемијата на ковид-19.
Сега поради војната во Украина пораснаа и цените на енергенсите и на житарките.