Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Украинскиот град Припјат вчера одбележа 50 години од неговото постоење. Од неговиот првичен изглед како младо, живописно, ведро и богато населено место, Припјат, после нуклеарната хаварија и катастрофа во Чернобил во 1986 година, се претвори во едно од најморничавите и најтажни места на светот.
Денес, градот брои илјадници туристи кои секојдневно го посетуваат, особено после неговото реафирмирање во јавноста преку популарната серија „Чернобил“.
Припијат е основан на 4 февруари 1970 година, на само два километри од озлогласената термоцентрала и беше евакуиран по нуклеарната катастрофа. Сега тој е совршена туристичка дестинација. Туристите се шетаат по неговите улици, минуваат низ тревните плоштади за да го видат градот замрзнат во времето, пренесува Еуроњус.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Овој град во северна Украина е изграден многу брзо. Припијат е дизајниран како место каде ќе живеат работниците на термоцентралата и нивните семејства. Според пописот од 1985 година, имало 47.500 жители. Кога евакуацијата на Припјат започнала ден по катастрофата, на населението му било кажано дека преземаат мерки на претпазливост и само да ги земат најпотребните работи, бидејќи ќе се вратат за неколку дена или недели. Се разбира, тие никогаш не се вратиле.
View this post on Instagram
Многу жители на Припијат подоцна го населиле новоизградениот град Славтих.
Иако Припијат е познат како град на духови, животните ја преживеаја катастрофата. Се мисли на коњите Пржевалски, кои се сметаат за древна раса диви коњи, кои никогаш не биле припитомени од луѓето. Тие биле видени во Припијат во 1998 година, дванаесет години по нуклеарната катастрофа. Нивниот број некое време бил на завидно ниво, но бројот се намалил последните години. Иако е логично прво да се мисли дека нивниот број се намалува како резултат на ефектот на зрачење, поверојатно е дека биле уловени.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Откако се емитуваше серијата Чернобил, Припјат стана попопуларен од кога и да било. Минатата година над 100.000 туристи го посетија овој град. Во 2020 година, тој број се предвидува да скокне на 250.000 туристи.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram