Туристи ги оштетиле најпознатите статуи во светот заштитени од УНЕСКО


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Заедницата на домородци на Велигденските острови, во јужниот дел на Тихиот Океан, поднеле жалба до чилеанските власти откако двајца туристи се качиле на древните статуи и ги оштетиле.

Локалното население не можело да поверува кога туристите кои дошле во посета ги прекршиле правилата и се качиле на неколку статуи.

Претставниците на локалната заедница поднеле жалба против претставниците поради нанесување „непоправлива штета“ на една од заштитените локации на УНЕСКО.

Туристите фотографиите ги објавиле на социјалните мрежи.