Турете гориво на време: Од вечер нови цени на бензиските низ Македонија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука од полноќ малопродажните цени на нафтените деривати во просек да бидат зголемени за 4,58 насто. Безоловните бензини Еуросупер БС 95 и БС 98 поскапуваат за 2,5 денари и литар ќе се продава за 67,50 односно 69,50 денари.

Малопродажните цени на Еуродизелот ДЕ 5 и на екстралесното масло за домаќинство се зголемуваат за 2 денара и литар од овие деривати ќе се продава за 52,50 односно 41 денар. Мазутот М1 НС поскапува за 1,766 денари за килограм.

Причина за корекцијата на цените на нафтените деривати е скокот на берзанската цена на суровата нафта за 6,71 насто во последните 14 дена, како и повисоката вредност на американскиот долар во однос на денарот, соопшто Регулаторната комисија за енергетика.