Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Турската кошаркарска репрезентација се припрема за претсојното СП во Кина кое ќе се одигра од 31-ви август до 15-ти септември оваа година.
Во серија пријателски и припремни натпревари кои Турците ги одиграа се издвојува победата против исклучително силниот состав на Франција која им ја подигна самодовербата.
„Мислам дека играме одлично. Победата против Французите беше многу важна за нас. Победивме силен тим, тие се еден од фаворитите за освојување на титулата. Ние немаме премногу искуство посебно на СП. Кога во прашање се Американците кои ни се противници во групата очигледно дека не доаѓаат со најсилниот тим, но и овој состав со кој ќе играат во Кина е прополн со квалитет и сигурно дека и вака се фаворити. Ќе биде тешко, но не е невозомжно да ги победиме“, изјави Чеди Осман.
Ќе потсетиме, Осман има потекло од Македонија и на „Ол Стар“ викендот во НБА изминатата сезона носеше патики со македонско знаме.