Турчинка на „Кој сака да биде милионер“ искористи два џокери на прашањето „Каде се наоѓа Кинескиот Ѕид“? (ВИДЕО)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Су Ајхан 26 години на прашањето каде се наоѓа Кинескиот Ѕид, искористи два џокери во популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“

Учесничка во познатото шоу, кое своевремено беше дел и од македонскиот етер, се прослави на едно од првите, лесни прашања.

На 26-годишната Су Ајхан и е поставено прашањето каде се наоѓа Кинескиот Ѕид, а понудените одговори биле: Кина, Индија, Јужна Кореа и Јапонија. Су не била сигурна па за помош искористила дури два џокери. Прво помош побара од публиката, која со 51% одговориле Кина. Но, на младата Турчинка не и проработила логиката, па искористила и повик на пријател, кого го послушала па го заклучила прашањето, со точен одговор.

Иако на ова прашање се извлече, таа милионот не го освои а падна веќе на следното прашање.