Турбуленции во Кривичен: Се прави ненадејна прераспределба на голем дел од судиите


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Основниот суд 1 од Скопје или популарно Кривичниот суд прераспредели десетина судии кои работеа на кривична материја во одделението за прекршоци. Од извори во судот, НОВАТВ дознава дека судијата Ѓоко Ристов од одделението за организиран криминал е префрлен во во кривичното оддделение, а со него во истото одделение заминуваат и Драган Николовски, Седат Реџепагиќ, Оља Ристова.

Прераспределена е и судијката на претходна постапка Весна Димишкова. Таа заминува во одделението за малолетници. Димишкова е судијката која што издаде наредба за претрес во предметот Тврдина во станот на Коста Крпач и судијката која што на СЈО им го издаде налогот на претрес во УБК. Веднаш по наредбата за претред во станот на Крпач, Димишкова беше прераспределена од судија во организиран криминал во судија во обичен криминал.

Променети се и други судии на претходна постапка, односно токму оние судии кои одлучуваат за претреси и притвори.

Доскорешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, како и судијката Лидија Петровска во јавноста позната по споменувањето во „бомбите“ како Сваровски судијката, се именувани во Советот на судии во организиран криминал, дознава НОВАТВ од извори во судот.

Портпаролот на Судот, Дејан Ристовски, во кус телефонски разговор не упати за официјална информација да доставиме прашања до Судот.

Овие одлуки ги носи новата вд. претседателка Татјана Михајлова, позната како истражен судија во случајот Ликвидација во којшто новинарот Томислав Кежаровски беше осуден на 4,5 години затвор. Нејзина заменичка е судијката Дијана Груевска Илиевска. Груевска Илиевска го одби барањето на СЈО за проверка на компјутерските системи во Телеком. Таа го суди и случајот Поткуп во којшто обвинет е претседателот на СДСМ Зоран Заев.