Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бентли е најверојатно единствената марка која истовремено сака да биде синоним за елеганција, а притоа да го задржи и спортскиот дух.
Како последица на тоа се појавува Бентли во повеќе гранки на мотоспортот, каде што имаше прилика да се покаже. Сега, под капа на Фолксваген, не смее да си дозволи големи испади. А Континентал ГТ В8 С, е токму таков.
Елегантното купе претставено е уште во 2013 година, но дизајнерски го „запира времето“. Безвременскиот изглед и моќниот В8 мотор го прават и денес посакувано. А 4.0 литарскиот твинтурбо мотор испорачува 528 КС, кои се доволно за возење и над 300 км/ч.
Овој бел примерок на многумина ќе им се допадне. Ако не поради благо „нашминканата“ каросерија, тогаш секако поради 22-инчните тркала. Бентли не бил и нема да биди најбрз автомобил, но во поглед на стилот и елеганцијата која ја нудат дефинитивно се опција која не се изостава.