Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Оваа земја, за која ретко кој има чуено, се наоѓа на Рогот на Африка, во близина на конфликтната зона во Аврика и на Блискиот Исток.
Џибути е држава со површина од 23.200 килметри квадратни и една од најмалите земји на африканскиот континент во која живеат помалку од еден милион жители. Станува збор за бивша француска колонија, па логично е во таа земја Франција да има своја воена база. Но, освен Франција, воени бази таму имаат и САД, како и некои европски и азиски воени сили. Дополнително, во фаза на градење се и нови воени бази.
После терористичките напади на 11 септември, САД во Џибути го основаше кампот Лемониер, своја единствена трајна воена инсталација во Африка, за борба против терористичките закани во Јемен и на Африканскиот рог. Италијаните, исто така, имаат своја база, додека германските и шпанските воени сили се чести гости кај Французите.
Јапонија планира проширување на базата
Своја воена база во Џибути изгради и Јапонија, која истовремено е и прва прекуморска воена база на таа земја. И Кина минатото лето го направи тоа, а сега Јапонците планираат и проширување на својата база, за да можат да се спротивстават на растечкото влијание на Кина. Во тек е и изградба на база од страна на уште една богата земја – Саудиска Арабија.
Се зборува дека и Индија размислува да земе дел од овој „најскап имот на светот“. Ако се случи тоа, секоја голема светска сила, освен Русија, ќе има своја воена база во Џибути.
Португалскиот политичар и научник Бруно Макаеш напиша текст за Џибути во рамки на серијалот текстови под име „Војни кои доаѓаат“. „Овде ќе почне Третата светска војна“, вели Макаеш кој ја опиша својата посета на Џибути каде ги видел кинеските и американските војници како ја користат секоја прилика да ги фотографираат противничката воена опрема и логистика.
„Врховниот командант на крајбрежната стража на Џибути ми кажа дека морал да воведе ред откако кинеските морнари постојано правеле недозволени фотографии на американските разорувачки бродови“, вели Макаеш.
Зошто баш Џибути?
Оваа земја се наоѓа на Рогот на Африка, во близина на конфликтната зона во Африка и на Блискиот Исток. Воен удар од Џибути за само неколку минути може да стигне до Сомалија, Судан, Јемен, Сирија и Ирак. Џибути, исто така, се наоѓа во близина на Суецкиот канал, еден од најпрометните водени патишта кој често е мета на пирати. Неколку земји раководат со антипиратски операции од Џибути. Земјата, исто така, се граничи со Сомалија, еден од главните центри на регионалните пирати.
Што ако дојде до воен судир помеѓу земјите со бази во Џибути?
Многу нешта ќе зависат од природата на потенцијалниот конфликт. Ако Индија навистина отвори воена база таму, секој иден потенцијален судир моментално би се проширил на таа територија, бидејќи Џибути е од исклучително значење за Кина. Ако дојде до конфликт помеѓу САД и Кина во Јужното Кинеско море, нивните бази во Џибути со сигурност ќе бидат ставени во состојба на тревога, а можат да останат и на страна.
Еден од можностите е завојуваните држави да ја изберат токму Џибути како воено поле за ограничен конфликт. Секој територијален спор меѓу Кина и Јапонија е толку оптеретен со опасности, што е можно тие две земји да сакаат да се пресметаат далеку во Африка.
Нов начин на војување
Неодамнешната епизода ги потврди овие толкувања. Имено, во еден текст од службениот весник на кинескиот Врховен обвинител беше откриено дека минатата година јапонски брод испратил нуркачи да го шпионираат кинескиот воен брод во моментите кога двата брода биле во Џибути.
Конфликтите во минатиот век биле внимателно организирани со јасни граници и сфери на влијанија, но денес глобализацијата влијае и на тоа ривалите да се наоѓаат многу блиску еден до друг. Џибути е совршена слика на таквиот нво свет, каде големите сили се принудени да делат ист простор.