Тука дуваат ветришта од 160 км/час: Тајната на најсреќното место во Велика Британија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жителите на Надворешни Хебриди во Шкотска се сметаат за најсреќни луѓе во Велика Британија.

Ова архипелашко место е дом на околу 26.000 луѓе кои, според годишните извештаи на британскиот Државен завод за статистика, се најсреќните луѓе во Обединетото Кралство. Поточно, во просек тие постигнувале најголема просечна оценка на прашањето „Колку бевте среќни вчера?“.

Исто така, се покажа дека жителите на Надворешни Хебриди живеат во едно од топ петте места во Велика Британија, кога е во прашање генералното задоволство од својот живот, иако станува збор за област во Атлантскиот океан каде температурата преку годината ретко надминува 16 степени Целзиусови.

На ова место често врне дожд, а местимично можат да се појават и налети од ветришта со брзина од 160 км/час.

Тајната на нивната среќа лежи во нивната природна средина и опкружување во кое живеат, појаснуваат експертите.

„Откривме дека луѓето се посреќни во природно опкружување отколку во големите градови“, признава англискиот професор Џорџ Макерон, кој се занимава со истражување на чувството на среќа кај поединци, додавајќи дека притоа особено се популарни местата во близина на вода.

Најголемиот остров од Надворешни Хебриди, на приемр, Харис и Луис, го заплискуваат води во сите нијанси, од тиркизна до темносина, кои создаваат импресивни и восхитувачки глетки. Но, од природната убавина, за среќата е уште поважна поврзаноста со заедницата.

„Чувството на припадност кон заедницата има најголемо влијание во објаснувањето на разликата помеѓу просечно задоволство од животот во заедница“, вели економистот Џон. Ф. Хеливел од универзитетот British Columbia.

Како што потврдуваат и самите жители на Надворешни Хебриди, тие се чувствуваат сречно бидејќи живеат во помали заедници од луѓе кои се ориентирани кон одгледување на децата и мирниот живот. Врв на сè е визуелно прекрасниот простор за живеење со ниско ниво на криминал.