Тухел пристигна во Париз, прво се виде со Нејмар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што веќе беше најавено Томас Тухел ќе биде новиот тренер на ПСЖ. Германскиот стратег веќе пристигна во Париз и денес ќе стави потпис на договорот.

Во текот на денот или вечерва Пари Сент Жермен и официјално ќе го објави доаѓањето на Тухел како нов кормилар на „светците“.

Тухел веќе пристигна во Париз, а гермнаските медиуми откриваат дека тој прво настојувал да има средба со Нејмар, која што се случила синоќа. Најверојатно двајцата зборувале за иднината на тимот, што е уште еден доказ дека Бразилецот останува во Париз.

Официјалното претставување на Тихел во Париз нема да се случи веднаш, туку по неколку недели. За тоа време Германецот ќе претстојува во Белгија каде посетува интензивен курс по француски јазик.