Home Спорт „Црвените“ слават: Ливерпул на чекор до големо засилување

„Црвените“ слават: Ливерпул на чекор до големо засилување

Како што пренесуваат англиските медиуми Ливерпул е многу блиску во јануарскиот преоден рок да го донесе во своите редови играчот за врска на Лајпциг, Наби Кеита.

Двата клуба минатото лето постигнаа договор за трансферот кој ќе изнесува помеѓу 65 и 75 милиони евра, Кеита беше претставен со дресот на Ливерпул, но според договорот тој требаше да пристигне на „Енфилд“ на крајот на сезоната.

Меѓутоа, Ливерпул сака уште во јануари да го донесе Кеира на „Енфилд“ и е спремен да понуди повеќе пари за трансферот со цел да го убеди германскиот клуб.

Самиот фудбалер сака што е можно побрзо да се пресели во Ливерпул и да игра во Премиер лигата, па закажал состанок со раководството на Лајпциг.

Медиумите тврдат дека Лајпциг ќе се согласи да го пушти Кеита веднаш на „Енфилд“, но само доколку Ливерпул плати додатни 5 милиони евра, односно трансферот да се реализира за 80 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…