„Црвените“ ја оправдаа фаворитската улога против „Жолтата подморница“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ливерпул со голема предност од првиот меч ќе патува на гостувањето кај Виљареал (2:0).

„Црвените“ ја оправдаа фаворитската улога и со два брзи гола во второто полувреме обезбедија предност пред реваншот.

После првото полувреме во кое мрежите мируваа, најпрво во 53-та минута Еступинан си постигна автогол, а две минути подоцна Мане зголеми на 2:0.

Ливерпул во текот на целиот меч беше подобар противник и можеше да постигне повеќе голови, па сега има голема предност пред реваншот.