Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Среда, 4 март, 1987 година, во сезоната 1986/87 од тогашното натпреварување Куп на шампионите на Европа (денес познато како Лига на шампионите), во Белград, пред 90.000 гледачи се одигра епскиот дуел меѓу Црвена Звезда и Реал Мадрид.
Дуелот со генерална доминација го добија „црвено-белите“ од Белград со 4:2, а натпреварот ќе остане запаметен по брзите голови на Звезда, неверојатното додавање на Пикси до Ѓуровиќ и целокупната одлична игра на југословенскиот (и подоцна европски) шампион.
Иако во вториот натпревар во Шпанија Звезда загуби со 2:0 и отпадна од елитното натпреварување, овој дуел во Белград уште долго потоа ќе се зборува во фудбалските кругови.