Црвен тепих и букет цвеќе од стариот градоначалник на Битола за Наташа Петровска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Општина Битола денес со црвен тепих ја дочека новата градоначалничка Наташа Петровска. На тепихот ја поздрави досегашниот шеф на градоначалничкиот кабинет Ѓуро Илиќ, а во ходниците од Општината излегоа вработените да ја поздрават.

Екс-градоначалникот на Битола Владимир Талески денеска ѝ ја предаде функцијата на новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска.

Талески на Петровска и поскал успех и кажал и порачал да биде градоначалничка на сире граѓани.Талески додава и дека ова е историски момент за Општина Битола зашто за првпат добива градоначалничка и прв човек на Општината со толку голем број освоени гласови .

Петровска изјави дека ќе ја искористи цела енергија и знаење за посветено да работи во интерес на Битола.

За примопредавањето на функцијата пред Општината бил поставен црвен тепих, а во кабинетот Петровска ја дочекал букет цвеќе.