Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Малезиските власти објавија дека во Малезија има дури 190 нови случаи на заразени со коронавирус, а ситуацијата станала уште подраматична кога се открило дека сите случаи биле поврзани со масовен религиозен настан на кој учествувале дури 16 000 луѓе.
Сите овие луѓе се наоѓале во една џамија во близина на Куала Лумпур, а дополнителен проблем е што верниците дошле од неколку земји во светот.
Министерот за здравство додаде дека бројот на заразените се искачи на 428 и дека земјата во моментов е најпогодена од вирусот во Југоисточна Азија.
„Вкупно 243 лица се поврзани со собирот во таа џамија, а девет лица се во критична состојба“ – рече министерот, додавајќи дека сите што присуствувале на церемонијата мора да бидат ставени во карантин на 14 дена.
Во соседниот Брунеј биле заразени 45 лица, а неколку случаи биле регистрирани и од Сингапур. Сите заразени биле во истата џамија.