Црниот биланс од земјотресите во Турција и Сирија надмина 16.000 загинати лица, бројот на повредени во Турција над 62.000


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси од кои во понеделникот беа погодени Сирија и Турција се искачи над 16.000, соопштија турските и сириските власти.

Турската агенција за вонредни ситуации соопшти дека бројот на жртви во Турција се зголемил за повеќе од 3.000 за неколку часа и сега изнесува 12.873.

Вкупниот број на загинати во Сирија е најмалку 2.992, вклучително и 1.730 во областите под контрола на бунтовниците на северозапад, според групата за цивилна одбрана Бели шлемови, додека 1.262 лица загинале во деловите на Сирија што се под контрола на владата, јавија сириските државни медиуми.

Бројот на повредени во Турција се искачи на 62.914, соопшти агенцијата за вонредни состојби, додавајќи дека операциите за спасување продолжуваат, а потрагата е отежната поради ниските температури. Во Турција е прогласена вонредна состојба во 10 провинции за три месеци, а помош пристигнува од целиот свет.

Два силни земјотреси во понеделникот наутро ја погодија југоисточна Турција, речиси целосно уништија неколку градови, а земјотресот кај Газиантеп беше со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала.