Црна венчаница – нов хит на венчалните церемонии


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Црната венчаница по пандемијата стана нов моден тренд на венчалните церемонии, имајќи предвид дека невестите сакаат нешто нетипично и покомерцијално, па дојде време и тие да се вклучат во регуларната продажба.

Се претпоставува дека многу невести не сакаат својата скапа венчаница да ја носат само еднаш во животот, туку својот уникатен фустан да можат да го носат и на други свечености.

Според пребарувањата на Google, во последните 12 месеци жените почесто барале црни венчаници.

Овој тренд од минатата година толку многу зел замав што американскиот бренд за венчаници, „Дејвид’с Браидал“, кој претходните години правеше црни венчаници исклучиво по нарачка, оваа есен за прв пат ќе понуди црни верзии на своите венчаници и во редовна продажба.

Додека не пристигнат во продавниците, клиентите веќе ќе може да нарачаат дел од црните венчаници преку нивната веб-страница.

Иако белата венчаница сè уште е најпопуларен избор, некои невести сакаат да имаат можност за двата избора. На свадбената церемонија за време на венчавката носат бел фустан, а на вечерниот прием елегантен црн фустан.