Црна статистика: Оваа земја е рекордер по бројот на убиства во годината


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките податоци на независната организација Бразилски јавен безбедносен форум, која ја следи криминалната статистика, во 2017 година во Бразил биле убиени 63.880 лица, со што оваа земја го држи црниот рекорд во светски рамки по број на убиства годишно.

Ова претставува најголем број во историјата на латиноамериканската земја, која е прва во светот по бројот на убиства.

Форумот истакнува дека една од причините за порастот на убиствата се насилните полициски интервенции, кои продолжуваат. Имено, просечната стапка од 14 убиени од страна на полицаец во текот на еден ден претставува зголемување од 20 проценти во однос на една година порано.

Бразилскиот јавен безбедносен форум додава дека убиството на повеќе од 1.000 жени било поврзано со нивниот работен однос.

Јавната сигурност беше главна тема во програмите на кандидатите за претседателските избори во октомври.