Црква на крајот од светот: Импресивно е со што се занимаваат свештениците таму


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Црквата „Света Троица“ е мала руска православна црква која се наоѓа на Антарктикот и поради својата оддалеченост и необична локација привлекува внимание кај сите верници ширум светот, па и кај оние кои не се толку посветени на религијата.

Таа е најјужната православна црква на светот и се наоѓа на островот Крал Џорџ.

Идејата за изградба на прва црква или манастир на Антарктикот се појавила во 1990 година, а проектот заживеал подоцна, кога бил одобрен од страна на рускиот патријарх Алексиј II. После тоа започнале со собирање на донации ширум Русија.

Црквата е изградена од сибирски бор, во традиционален руски стил и со висина од околу 15 метри. Градбата е лоцирана на извишувањето над истражувачката станица Белиншосен и може да собере во себе околу 30 верници.

Црквата е осветена на 15 февруари, 2004 година, од страна на епископи и игумени кои специјално за оваа прилика го посетија Антарктикот во придружба на други свештеници и верници.

Свештениците кои волонтираат во оваа црква таму се веќе неколку години, сместени на ова изолирано место. Интересно е што свештените лица воедно се и истражувачи кои ја одржуваат и работат во истражувачката станица.

Нивна основна задача е да се молат за душите на 64-те руски истражувачи кои загинаа во експедиција на Антарктикот.