ЦК на ВМРО ДПМНЕ со две осуди и еден апел за СДСМ


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ одржа седница на која расправаше за актуелната политичка состојба, а на еден час по полноќ испратија соопштение до медиумите преку кое го осудуваат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, кој, како што велат, претставува насилство врз институциите, уставот, законите и пропишаниот деловник.

Непочитувањето на Уставот е непочитување на државата Република Македонија и може да претставува опасен вовед во нова пракса на девалвирање на државата и институциите, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Втората осуда од ЦК на ВМРО ДПМНЕ ја упатија до пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ.

Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ го осуди и шверцерското и нелегално постапување на пратениците Горан Мисовски и Ферид Мухиќ кои со своите незаконски дејствија испратија провокација кон граѓаните на Македонија и тие за ваквото однесување мора кривично да одговараат. Само строгото казнување на ваквото антидржавно однесување ќе спречи да се повторува газењето врз Уставот и законите, дополнуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, обидот за воспоставување, на како што велат нелегални институции, би направило преседан кој во иднина би можел да се злоупотреби и да станел вообичаена пракса, а со тоа да се суспендирала волјата на граѓаните изразена на избори.

ВМРО ДПМНЕ испрати и апел до раководството на Социјалдемократскиот сојуз, за како што велат, недвосмислено и во целост да се откаже од Тиранската платформа, создадена, промовирана и прифатена во соседна држава.

Пратениците на партијата, заедно со коалиционите партнери, денес целодневно имаа состанок во Собранието, поточно во кабинетот на Трајко Вељаноски, а на челната позиција се наоѓаше претстедателот на партијата, Никола Груевски. Фотографиите испратени до медиумите, се од седиштето на партијата