Home Спорт Циркуз на Светско првенство: Ова е најлошиот скијач во историјата!

Циркуз на Светско првенство: Ова е најлошиот скијач во историјата!

Венецуеланецот Адријан Солано е најголемиот хит на Светското првенство во нордиски спортови што се одржува во Лахти.

Имено, Солано никогаш во животот не видел снег, а учествуваше на трката во крос кантри. Дека ова момче прв пат гледа снег беше очигледно на патеката, бидејќи неколку пати при обид да застане на скиите паѓаше.

Сепак тоа не делуваше демотовирачки врз Солано и тој успеа да ја заврши трката, иако неговото заостанување беше огромно.

Интересно, пред почетокот на Светското првенство, Солано, се обиде да влезе во Шведска за да се подготвува за настапот во Лахти, но шведските власти сметале дека тој е илегален мигрант и го депортирале од државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…