Home Спорт Циркус во Бразил: Навивачи се степаа меѓусебе – настрада полицијата (Видео)

Циркус во Бразил: Навивачи се степаа меѓусебе – настрада полицијата (Видео)

Во четвртото коло од втората лига во Бразил се сретнаа Гоиас и Вила Нова. Гостите славеа победа со 1:3, но резултатот на оваа средба беше во втор план бидејќи домашните навивачите предизвикаа вистинска војна на трибнините.

Се започна во моментот кога Вила Нова го постигна својот трет погодок, а најжестоките навивачи започнаа да палат дресови и знамиња на клубот. Тоа не им се допадна на остатокот од навивачите кои кои ги нападнаа.

Во целата ситуација се вмеша полицијата, но беа во подредена положба. Најмалку 10 полициски службеници беа повредени, а еден од нив претрпел и потешки повреди на главата, по што бил пренесен во болница. На крајот полицијата сепак успеа да ја смири ситуацијата, а неколку навивачи беа приведени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…