Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Македонија доби потврда на својот национален идентитет и од грчка страна“, рече премиерот Заев како аргумент зошто прифатил ваков капитулантски договор. Но, веднаш доби демант и тоа токму од неговиот партнер во преговорите Ципрас. Грчкиот премиер за националната грчка телевизија објави дека не прифатиле да не нарекуваат Македонци, туку евентуално Славомакедонци.
Договорот не признава македонска нација, туку само право на нашите соседи на самоопределување. Ако инсистиравме на име без превод, многу брзо ќе се соочевме со проблеми. Сите ќе се согласат за името Македонија. Меѓународниот печат вчера пишуваше дека Македонија се согласила да го смени името во Северна Македонија. Ние ја признаваме како БЈРМ – изјавил грчкиот премиер во синоќешното интервју за државната грчка телевизија ЕРТ, пренесува Мкд.мк.
Во интервјуто Ципрас кажал дека постигнат е договор за географска одредница.
„Имаме договор со географска одредница покрај зборот Македонија. Неколку страни не обвинуваат дека го даваме името. Го имам целиот текст на договорот преведен од МНР и не гледам дека ние нешто даваме, туку земаме. Едно е националност, а друго е државјанство. Со договорот се признава право на самоопределување на народите. Во членот 7 пишува дека кога го користат името, имаат на ум нешто друго, а не грчкото наследство. Имаат право да го користат тоа, бидејќи и тие живеат во тој регион. Но ние никогаш нема да ги нарекуваме Македонци, туку Славомакедонци. Тие до сега патуваа со патни документи каде што пишуваше дека се Македонци, но сега ќе патуваат како Македонци, државјани на Северна Македонија“, кажал Ципрас во интервјуто за ЕРТ.
Извор: Таратур/МКД.мк