Ципрас тврди: Договорот не препознава македонска нација


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


И покрај еуфоричните најави на нашите власти дека Грците конечно признале македонски идентитет, пристигна студен туш од Атина. Ципрас тврди дека не признале посебна македонска нација, туку право да се самоопределиме како Македонци/граѓани на Северна Македонија.

Студен туш од Атина. Социјалните мрежи вријат дека со контроверзниот договор македонската страна потпиша чиста капитулација, иако нашите власти убедуваа дека Грците признале постоење на македонска нација. Сепак грчкиот премиер Ципрас на Твитер јасно објасни дека Грците не признаваат никакви Македонци, туку право да се нарекуваме така:

„Договорот не ја признава македонската нација, го признава само правото на нашите соседи на самоопределувањe”, напиша меѓудругото грчкиот премиер Алексис Ципрас на Твитер.