Ципрас – преговорите се при крај, Заев – автопатот ќе се преименува во „Пријателство“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После остварената средба помеѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која траеше три часа, двајцата дадоа заедничка изјава, пренесува Фокус.

-Балканот помина многу поради национализмот. Потребно е да има агенда на соработка и развој. Би правеле исчекор напред за обезбедување стабилност. Ова е позицијата на Грција, како сила на стабилност на Балканот и затоа одиме напред кон наоѓање решенија. Денеска знам дека многу луѓе не гледаат, некои со скептицизам некои со надеж и сакам да им покажам дека и двајцата ние сакаме да ги решиме работиме со прагматизам и одговорност. Го кажувам бидејќи не само што сакаме д го решиме спорот, туку и сакаме односите да ги поставиме на меѓусебно почитување и прво треба да се избориме против иредентизмот. Зоран ме информираше дека е подготвен да подготвен да преземе иницијативи. Од моја страна изјавувам дека ќе ги подржам иницијативите. Мора да најеме решение на сите наши отворени прашања. Но, морам да нагласам дека мораме да најдеме ерга омнес и во оваа рамка се согласуваме дека преогровачкиот процес се приближува кон крајот. Уште еднаш сакам да му се заблагодарам на премиерот, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Македонскиот премиер Зоран Заев на прес конференцијата по средбата со грчкиот колега објави дека Владата ќе го смени името на автопатот Александар Македонски во „Пријателство.“ Ќе се смени и името на аеродромот.

-Ние сме силно посветени на мерките за градење доверба и за решавање на проблемот со името. Сакаме да станеме еднакви партенери во ЕУ и сакаме меѓусебно да си помагаме и да се поддржуваме со Грција. Покажавме во минато дека може да работиме заедно во интерес на двете земји. Спорот трае веќе 25 години, редно време е да се изнајде решение, зашто од тоа зависат нашите ЕУ и НАТО интеграции. Крајното решение мора да биде профатливо за двете страни. Мора да биде во заштита на идентитетот на нашите народи. Владата ќе го промени името на автопатот во „Пријателство“. Ќе го промениме и името на аеродоромот.