Ципрас: 140 земји ги нарекуваат Македонија, сега и на Гугл ќе бидат Северна!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Грчкиот премиер е цврсто убеден дека договорот од Преспа ќе помине парламентот во Атина. Во телевизиско интервју , Алексис Ципрас , објаснува дека за тоа постои расположение и кај пратениците, но и кај граганите.

„140 земји ги нарекуваа Македонија, сега ќе ги нарекуваат Северна Македонија. За да ја најдете земјата, на Гугл ќе треба да напишете Северна Македонија кога договорот ќе помине. А тој со право ќе помине, затоа што и последниот граѓанин – ги почитувам чувствителноста, реакциите, несогласувањата – започнува да сфаќа дека и покрај тешкотиите и покрај проблемите, овој договор е во корист на земјата, ја надградува, ѝ дава динамика, а особено нашите сограѓани од Северна Грција, сфаќаат дека не може Македонија, Солун да стане економска престолнина на Балканот кога со грб е свртена кон соседите“, вели Ципрас.

Ципрас верува дека во одлучувачкиот момент во грчкото собрание дури и остриот противник на договорот Каменос ќе биде во дилема како да гласа бидејќи спогодбата е во интерес на државата. Според него, мнозинството би било уште поголемо доколку лидерот на Нова демократија Мицотакис ќе им дозволи на своите пратеници да гласаат .

Во интервјуто Ципрас вели дека не загрижен поради водството на опозицијата во последните анкети. Напротив тој очекува убедлива победа на Сириза на изборите за европскиот парламент во мај, но и на општите избори во Грција, кои како што истакна ќе се одржат во октомври 2019 година.

Извор: Сител