Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала кој вчера ја погоди Хрватска, ги крена на нозе сите Хрвати, како и останатите соседни народи на Балканот.
Градот Петриња, близу кој беше епицентар на разорниот земјотрес, претрпе најмногу штета, а после тоа цела Хрватска се крена на нозе и тргна да им помогне на загрозените.
Навивачите од цела Хрватска дојдоа во Петриња, Сисак и околните села, како и бројни спортисти како Дејан Ловрен и Мате Ковачиќ.
Ним им се придружи и ракометарот, кој играше и во екипата на Вардар, Лука Циндриќ, кој понуди сместување во својата куќа во Огулин.