Циклонот Деби го погоди североистокот на Австралија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Силен циклон, со налети на ветер и до 260 километри, го погоди во вторник североисточниот брег на Австралија, корнејќи дрвја и оставајќи десетици илјади домови без струја.

На удар на циклонот Деби, кој помина во четврта категорија, прво се најде тропскиот брег на австралиската држава Квинсленд, соопшти Бирото за метеорологија.

Најтешко е погодено популарното туристичко место Ерли бич на островот Витсенд, каде што ветерот носеше покриви и корнеше палми.

Еден човек е повреден кога се урнал ѕид во градот Просерпин, соопшти полицијата.

Властите предупредуваат дека бурата, која бавно се движи, најверојатно ќе трае неколку часа пред да ослаби.

Се очекува невремето да зафати подрачје од повеќе од 300 километри од брегот.

Илјадници луѓе се евакуирани во понеделник од пониските подрачја. Во вторник без струја останале над 50.000 куќи, а стотина училишта се затворени.