Цензура: Овој симбол од Евросонг не беше прифатлив за кинеската телевизија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако организаторите на музичкиот натпревар Евросонг секоја година се трудат оваа манифестација да биде вистински визуелни спектакл, кинеската публика не можеше да види одредени LGBT симболи кои се појавија на ова натпреварување.

Како што објави ВВС, популарната Mango TV, која го пренесуваше полуфиналето од Евросонг минатиот вторник, се најде на удар од критики од страна на корисниците на социјалните мрежи поради цензурирање на знамето со боите на виножитото и цензурирањето на тетоважите.

Освен тоа, гледачите на Mango TV не можеа да ги видат ни настапите на ирските и албанските претставници.

Европската радиодифузна унија (EBU) поради сето ова им ја одзеде лиценцата за емитување на Евросонг, а во соопштението за јавноста истакнаа: „Со жалење веднаш го прекинавме партнерството со емитувачот на кој нема да му биде дозволено да го емитува второто полуфинале, ниту големото финале“.