Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, во интервју за порталот Фактор најавува дека во Центар ќе се постави најреволуционерен патент за прочистување на воздухот.
-Станува збор за еден од најреволуционерните патенти за прочистување на воздухот на денешницата. Според досегашните истражувања, како и со поставувањето на оваа кула во неколку од најзагадените градови во светот, докажано е дека таа прочистува 30.000 m3 воздух. Со поставувањето на оваа кула воздухот ќе се прочисти за неверојатни 70%- 75% , така што на граѓаните ќе им се обезбедат услови за намалување на штетните влијанија од загадениот воздух. Станува збор за објект кој е висок околу седум метри. Според нашите планови, кулата треба да почне да се гради во 2019 година. Во моментов активно се разгледуваат деталните урбанистички планови за да се утврди каде би било најсоодветно да се постави кулата, вели Богдановиќ.