Цените на храната во август на највисоко ниво од почетокот на ширењето на коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Цените на храната повторно се зголемија на светските пазари во август, достигнувајќи го највисокото ниво од почетокот на пандемијата во февруари, како резултат на зголемената побарувачка и послабиот долар, објави во четвртокот Агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

ФАО-индексот на цени на кошничката со основни прехранбени производи во јули се зголеми за два процента во однос на претходниот месец и во просек изнесуваше 96,1 поен, што е највисока вредност од февруари, кога коронавирусот почна да се шири низ целиот свет.

Цените на шеќерот се зголемија најмногу во август, за 6,7 проценти во споредба со јуни, одразувајќи ги пониските проценки на производството поради неповолните временски услови во Европската Унија и на Тајланд и големата побарувачка за увоз од Кина.

Значително поскапеа и растителните масла, за 5,9 проценти, а пораснаа и цените на сојата, сончогледот и маслото од репка.

Житарките исто така поскапеа во август и тоа за 1,9 проценти во споредба со јуни, како резултат на зголемената побарувачка од Кина. Значително се зголеми и цената на пченката , за два проценти, поради влошените изгледи за род во САД.

Цените на млекото и млечните производи и месото се непроменети од јули, според ФАО