Цени „до небо“: За последниот професионален меч на Федерер влезниците се движат до 68.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако објави дека се повлекува од професионалното натпреварување, 41-годишниот великан на тенисот, Роџер Федерер, добива безброј пораки од целиот свет.

Швајцарецот следната недела ќе настапи на ревијалниот турнир во Лондон каде ќе се сретнат Тим Европа и Тим Свет. Федерер ќе игра во екипа со Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, а настапот на Рафа Надал во поединечна конкуренција се уште е под знак прашалник.

Британски медиуми пишуваат дека картите за Лејвер Купот кој ќе се одржи од 23 до 25 септември одат на сајтот за препродажба на карти „Stubhub“ а највисоката цена стигнала и до 68.000 евра.