Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вредноста на биткоинот, најпопуларната актуелна криптовалута, се зголеми за околу 8%, а според сегашните податоци, за прв пат од јануари 2015 година достигнува ниво од 15.000 долари.
Според порталот CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната цена на повеќе од 20 валути, биткоинот стигна до ниво од 14.945 долари, пренесува Спутник.
На Binance, најголемата размена на криптовалути, биткоинот порасна за 7,95 проценти на 15.005 долари.
Тргувањето со биткоин претставува 65,1 процент од глобалниот пазар на криптовалути.
Ако биткоинот продолжи да расте, можеби нема да помине многу време кога криптовалутата конечно ќе достигне 20 000 долари, како што достигна во декември 2017 година.
Покрај ослабувањето на доларот, биткоинот има корист и од повеќето големи компании како PayPal и Square, кои прифаќаат криптовалути како исплатливи опции за плаќање и инвестиции.