Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Бизнисот со стари и ретро модели на автомобилскиот пазар денес е прилично профитабилна работа, посебно кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.
Овој Форд од 1983 година не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.
Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланга.
Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.
Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланга.
Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.