Цело семејство „high“: Кога баба ќе го згреши зачинот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Седумчлено семејство од Вратимов, град во Чешка, завршило во болница после семејниот ручек, жалајќи се од лошење, вртоглавица и халуцинации. Овие психо-физички појави биле последица на грешката која бабата од семејството ја направила при готвењето на ручекот, заменувајќи го еден од зачините со марихуана која ја користела за медицински цели.

Четири постари лица на возраст помеѓу 37 и 71 година и две деца на возраст од 3 до 6 години завршиле во болница со споменатите симптоми на издрогираност откако баба го згрешила зачинот во ручекот и наместо со мајоран, го зачинила со канабис.

Лекарите најпрво помислиле дека семејството е отруено со јаглерод моноксид, но кога се утврдило дека нема гас во куќата, дознале дека патката што ја подготвила бабата за вечера била зачинета со канабис.

Чешката полиција започна кривична постапка против бабата.