Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватските медиуми објавија сторија за 36-годишен маж кој една ипол година бил во заробеништво од ромско семејство во хрватското село Драганич и притоа бил ѕверски измачуван.
Mалтретираниот човек покажувал многу слаби знаци на живот, кога во канал го пронашло друго ромско семејство, кое веднаш повикало брза помош и полиција. Премрзнат од студ, претепан и изгладнет, човекот е задржан во општата болница во Карловац.
И покрај тоа што на фотографиите тој изгледа како да боледува од некоја тешка болест, тоа не е така, тој бил роб, кого, татко и тројца синови тирански го измачувале. Тие му ги кршеле забите, со чекан го удирале по прстите, му кршеле коски и ребра и го изгладнувале.
Според информациите, тој бил роб кој го одржувал имотот на Ромите, за парче леб и неколку цигари.
Во селото никој нема храброст јавно да зборува за ужасниот случај. Полицијата повеќепати била на имотот на овие Роми, за кои се тврди дека го малтретирале целиот крај. Им ги труеле кучињата и им се заканувале на сите со убиство.