Цела Италија се смее: Како Гатузо му честиташе роденден на Буфон!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчера легендарниот Џанлуиџи Буфон го прослави својот 40-то роденден, а тренерот на Милан Џенаро Гатузо му го честиташе на „генијален“ начин.

Имено, Гатузо после мечот со Лацио појде да дава изјава за „Скај Спорт“ каде презентер е сопругата на Буфон, Иларија Дамико.

„Иларија му даде поклон на Џиџи?“, праша Гатузо.

„Секако, вечер ќе му го дадам полонот“, одговори Иларија.

„Бакни го со јазик од мене и кажи му дека му посакувам се најубаво“, рече Гатузо.

Во тој момент сите присутни во студиото почнаа да се смеат, а видеото веднаш стана вирално.