Цел Реал Мадрид и се смее на Барса поради овој играч!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Барселона во минатото многу пати знаеше да направи грешки на трансфер пазарот, а особено промашувањата дојдоа до израз оваа сезона.

Луис Енрике навистина освои многу трофеи со Каталонците, но минатото лето дефинитивно направи неколку катастрофални грешки во изборот на играчите и селекцијата на тимот.

Сепак, едно име посебно се истакнува на листата промаѓувања, а тоа е Португалецот Андре Гомеш. Играчот кого Реал Мадрид го бараше цело лето, на крајот сепак Барса победи во трката и го донесе на „Камп Ноу“.

Го платија 35 милиони евра, а тој износ би можел да порасне до неверојатни 55 милиони со одредени бонуси. Ова е потполно неверојатна сума за играчот кој оваа сезона е најлош на „Камп Ноу“.

Во Мадрид поради него задоволно тројат раце и „позади грб“ им се смеат на најголемите ривали од Каталонија. Барса практично го украде „пред носот“ на Реал, а само неколку месеци подоцна целиот Камп Ноу му свиреше на Португалецот.

Медиумите во Шпанија тврдат дека Гомеш после само една година ова лето ќе ја напушти Барселона.