Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Жителите на малиот германски град Нердлинген, знаат дека нивната урбана заедница почива на околу 72.000 тона дијаманти, според експертските пресметки. Но, граѓаните од овој град не планираат да го разрушат истиот за да ископуваат дијаманти и да се збогатат на таков начин.
Огромниот извор дијаманти под градот во германската покраина Баварија настанал пред 15 милиони години, кога астероид ја погодил Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на вселенското тело била еден километар, баш колку и денешен Нердлинген, а бил тежок околу три милијарди тони.
Ударот ја зголемил температурата и притисокот доволно колку да настане мешавина од стакло, кристали и дијаманти, наречена суевит.
Кога гратчето почнало да се гради, првите жители не знаеле за ова. Со години верувале дека потеклото на кратерот е вулканско, сè додека во 1960-тите не е утврдено дека тука паднал астероид. Суевитот околните жители го користеле како градежен материјал.
Количината на дијаманти е огромна, но не можат да постигнат добра цена, оти се помали од 0,2 милиметра. Така, не вреди да се разурне цел град за да се дојде до „богатството“.
Нердлинген, сепак, профитира на друг начин – туристи од целиот свет доаѓаат тука за да ја разгледаат светкавата архитектура, како и заради музејот Рис кратер, во кој се изложени примероци од кратерот од астероидот.