Царовска:Нема да се градат станови за мигранти, опозицијата шири паника


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Нема да се градат станови за бегалци и мигранти, ниту има предвидено буџет за тоа. Македонија не е атрактивна земја за бегалците. Опозицијата само шири страв кај граѓаните, изјави министерката за труд и социјала Мила Царовска.

Таа истакнува дека опозицијата се обидела да направи ширење на страв по однос на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, која е продолжение на стратегијата 2009-2015 година, со истиот наслов, која што ја донела ВМРО-ДПМНЕ.

„Токму ВМРО-ДПМНЕ, коишто ја донеле оваа стратегија, зборува против оваа стратегија, а во неа се вклучени најголем број од работите кои биле вклучени во претходната стратегија. Затоа нема никакви потреба од страв. Македонија си е декларирана и продолжува да биде транзит земја, и тоа се гледа по статистики и бројки. Во 2015-2016 година, пред да се затвори рутата, тоа е некаде 9 март 2016 година, во Македонија имало 1.600 мигранти, во моментов во Македонија нема повеќе од 60 во двата транзитни центри и во центарот за азил. Овие бројки многу кажуваат дека Македонија ниту е атрактивна земја, ниту некој има потреба да остане во државата. Дополнително, стратегијата за бегалци, не е стратегија за мигранти. Мигранти, бегалци и баратели на азил се три различни категории. Затоа, токму со оваа стратегија, ние даваме насока, патоказ е оваа стратегија, не е обврзувачки документ, не е закон со кој ние ќе изградиме станови, со кои се обврзува државата да изгради станови, ниту пак дека ќе им дадеме државјанства на овие групи на граѓани. Тоа се регулира согласно законските решенија во Македонија, коишто претходно се донесени, во 2009 се регулира статусот на овие граѓани и тоа токму владата на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа е важно да кажеме дека ние со оваа стратегија зборуваме само за оние кои имаат некаков регулиран статус во државата и баратели на азил, а не за мигранти. Нема потреба од никаков страв и не се градат никакви станови, ниту се подготвуваат кампови“, рече министерката Царовска.