Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Oд Министерството за труд и социјална политика категорично ги демантираат дезинформациите и лажни вести дека во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација термините мајка и татко ќе се заменат со термините родител 1 и родител 2, пренесува Фокус.
„Во никој случај со овој закон не се брише семејството, ниту пак се бришат термините мајка и татко, ова воопшто не е предмет кој се уредува со овој закон. Законот за спречување и заштита од дискриминација е т.н. lex specialis, односно не ја уредува детално секоја област на која се однесува. Во новиот предлог закон се вклучени општи одредби, кои подетално се уредуваат во посебни закони. Конкретно, одредбата за бракот дека е заедница меѓу маж и жена е уредена во Законот за семејство и таму нема промени за ова прашање. Во Република Северна Македонија бракот, како и вонбрачната заедница, се заедници меѓу еден маж и една жена, и родителите се именуваат како татко и мајка“, децидни се од МТСП.
„Исто така, Законот за спречување и заштита од дискриминација има добиено позитивни мислења од Венецијанска комисија, од Обеднитетите нации, од ЕУ и од ОБСЕ-ОДИХР. Тие истакнуваат дека Република Северна Македонија, со ова ново законско решение, прави значаен чекор во борбата против сите форми на дискриминација, почитувајќи го и вклучувајќи го законодавството на ЕУ и меѓунардоните стандарди за човекови права“, пишува во реакцијата.