Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жители од едно село во Шкотска каде автомобилите поминуваат со брзина од сто километри на час, се досетиле како да ги забават.
Тие ја зедоа работата во свои раце – во жолто-зелени елеци, какви што користи полицијата, локалното население стои на патот држејќи црн фен за коса кој од далеку личи на рачен полициски радар за мерење на брзината.
BBC јавува дека населението од селото Хоупмен немаат многу успех, но трпеливи се, сметајќи дека со тоа на возачите и властите им укажуваат на простоечкиот проблем, додека шкотската полиција рече дека е „свесна за пребрзото возење во таа област“ и дека „секогаш со тоа се занимава“.
Не е првпат некој на тоа да се сети, наведува Би-Би-Си и набројува дека тој трик се користел во 2000 година во едно село во Англија, потоа во 2012 на Флорида, а во 2016 година во село во Полска каде некој покрај патот поставил кукла во униформа слична на полициската во чија рака бил – фен за коса.