Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Брајант Џонсон, кој полицијата во Вајоминг кога го апсела им тврдел дека доаѓа од иднината, дал предупредување за присутните дека „вонземјаните доаѓаат наредната година и мора да се подготвиме за заминување од планетата“.
Полицијата го уапсила младиот Американец под обвиненија за „недолично однесување и беснеење во алкохолизирана состојба“, додека тој им извикувал на луѓето кои поминувале покрај него дека „доаѓа од годината 2048 и е пратен тука да не предупреди дека вонземјаните ќе ни ја уништат планетата“.
Исто така, бил убеден дека вонземјаните кои го пратиле да не предупреди му ја наполниле крвта со алкохол за да му помогне при транспортот.
Џонсон рекол дека требало да биде пратен во 2018 година, но по грешка пристигнал во 2017 година, па сакал да ја искористи таа шанса за да нѐ предупреди. Тој одбил да зборува со докторите и сестрите кои сакале да го прегледаат, и побарал да зборува со „претседателот на градот“.